Затвор за обвинетите во немирите на Бит Пазар!
14 обвинети во процесот за немирите на Бит пазар кои беа зимава, заработија затворска казна од вкупно 12 години.
Согласно судската пресуда, петмина од нив добија затвориски казни од по 8 месеци, еден 5 месеци, четворица по шест месеци условно,еден десет месеци условни, еден три месеци затвор, а највисока казна од една година доби обвинетиот кој е во бегство.
За тројца од обвинетите судот го повлече обвиниението поради недостиг на докази. Кривичното дело за кое се гонеа е учество во толпа што ќе стори кривично дело. Штетата беше проценета на 9 милиони денари,а тука се вклучени запалениот автобус, нападот врз Хелсиншкиот комитет и друга штета врз јавното добро направена за време на немирите.
Немирите на Битпазар се случија на 2 Фебруари година кога група Албанци најпрво започнаа мирен протест пред Владата, кој потоа ескалираше во речиси целодневни немири и судири со полицијата. По протестите на младите македонци против назначувањето на Талат Џафери за министер за одбрана следеа и протести на младите албанци.