Ненајавени инспекции во аптеките на Бирото за лекови!

Објавено на 6 јули, 2013 во 15:30

Во ненајавени контроли инспекторите на Бирото за лекови посетиле 150 аптеки во државата и одзеле 201 лека од 34 производители од различна генерика.

Лековите биле предадени на испитување во акредитираните лаборатории во Институтот за јавно здравје и Фармацевтскиот факултет во Скопје.

Од добиените резултати на 18 лека, за лекување на различни видови заболувања, било утврдено дека сите биле квалитетни и ефикасни како што им пишува во декларацијата за увоз и за регистрација.

Оваа акција со цел да се испита квалитетот на лековити ја спровело министерството за здравство, соопшти министерот Никола Тодоров.

Тој најави дека ќе биде соопштено името и ќе биде повлеченод пазарот воколку анализите покажат  дека лекот не одговара на квалитетот и ефикасноста. Производителот или увозникот ќе бидат казнети со глоба од 25.000 до 50.000 евра.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.