Ненајавени инспекции во аптеките на Бирото за лекови!
Во ненајавени контроли инспекторите на Бирото за лекови посетиле 150 аптеки во државата и одзеле 201 лека од 34 производители од различна генерика.
Лековите биле предадени на испитување во акредитираните лаборатории во Институтот за јавно здравје и Фармацевтскиот факултет во Скопје.
Од добиените резултати на 18 лека, за лекување на различни видови заболувања, било утврдено дека сите биле квалитетни и ефикасни како што им пишува во декларацијата за увоз и за регистрација.
Оваа акција со цел да се испита квалитетот на лековити ја спровело министерството за здравство, соопшти министерот Никола Тодоров.
Тој најави дека ќе биде соопштено името и ќе биде повлеченод пазарот воколку анализите покажат дека лекот не одговара на квалитетот и ефикасноста. Производителот или увозникот ќе бидат казнети со глоба од 25.000 до 50.000 евра.