МВР :Нема кампови на исламски терористи во Македонија
По анализата на Руското радио „Глас на Русија“ во која се тврди дека на балканот и во Македонија постојат кампови за обука на исламски терористи ,од македонското МВР велат нивните информации покажуваат дека такви кампови не постојат, пренесе Фактор.мк.
Од МВР додаваат дека ја следат безбедносната состојба и доколку се појави било каква опасност било каков вид на тероризам, вклучувајќи ги и ваквите кампови веднаш ќе реагираат.
„Во континуитет ја следиме безбедносната состојба во Македонија, но и во регионот. Во моментот нема никаков посериозен ризик по безбедноста на граѓаните. Ние сме подготвени веднаш да реагираме и да неутрализирам било каква опасност и закана за безбедносната состојба“ изјави Иво Котевски, портпарол на МВР.
Инаку, радиото објави дека во Македонија се обучуваат исламски терористи за самоубиствени бомбашки напади.
„Босна, Албанија, Косово, Македонија, јужниот дел на Србија и на Црна Гора во иднина треба да станат обединета исламска држава. Ова е првата фаза од окупацијата на Европа во смисла на исламистичкиот план „Европа 3000“. Терористичките обуки се вршат во „безбедните албански области“, односно во Албанија, Косово и еден дел од Македонија. Тие оперираат под заштитниот чадор на Албанската национална армија (АНА или АКШ), организацијата – наследник на УЧК“, објави државното руско радио „Гласот на Русија“ повикувајќи се на руски разузнувачки служби.
