„Метеоаларм„: Србија, Хрватска,Словенија и Унгарија во црвена фаза
Објавено на 8 август, 2013 во 13:58
На интернет-страницата на Европскиот систем за предупредување од опасни метеоролошки појави „Метеоаларм“ Србија, Хрватска, Словенија и Унгарија се означени со црвено, што означува исклучително опасно време.
Предупредувањето е дека топлото време може да нанесе големи шетети на означената територија, вклучително и опасност по животот на луѓето.
Предупредувањето во најголем степен се однесува на реонот на Загреб, Карловачкиот округ, Госпиќ и Риека.
Во петок кон сабота во Хрватска се очекуваат силни бури, пороен дожд, град со големина од 12 сантиметри и силни ветрови.
