Сончево и посвежо
Објавено: 31 август, 2013, во 06:51 часот
Времето денеска претежно сончево, ветровито и свежо.
Ќе дува умерен северен и северозападен ветер, а во западните предели ќе дува умерен североисточен ветер. Ветерот ќе достигне брзина и до 25 км/ч. Утринските температури ќе се движат од 9°C до 18°C, а максималните дневни температури ќе се движат од 23°C до 32°C. УВ индекс 7.
И во Скопје ќе биде претежно сончево и ветровито. Ќе дува умерен северозападен ветер. Утринската температура од 15°C, а максималната дневна температура ќе достигне до 29°C. УВ индекс 7.
