Нимиц ќе ја посети Македонија

Објавено: 3 септември, 2013, во 14:50 часот

Посредникот на ОН во спорот за името Метју Нимиц ќе го посети регионот од 9 до 11 септември, информираат во ОН.

Тој ќе ги посети Атина и Скопје и „ќе се сретне со високи владини претставници на двете земји за да ги продолжи разговорите за изнаоаѓање заемно прифатливо решение за спорот за името“, се вели во одговорот што ни го испратија од прес службата на ОН.

 

Претходно и високи извори од ДУИ за Радио Слободна Европа рекоа дека Нимиц треба да допатува во регионот во првата половина на месецов, но оти прво ќе оди во Атина

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.