САД испрати честитка по повод независноста на Македонија

Објавено на 5 септември, 2013 во 16:47

Во име на претседателот Обама и луѓето во САД, ви го честитам Денот на независноста 8-ми септември, се вели во честитката за празникот од Државниот секретар на САД, Џон Кери.

„Република Македонија направи значителен напредок од независноста.  Очекуваме да продолжиме со партнерството додека градите демократска и просперитетна нација.Се` уште има работа што треба да се заврши, и убедени сме во духот и решителноста на луѓето во Македонија.Веруваме и дека како конструктивен сосед и партнер, Македонија има многу што да придонесе на Западниот Балкан и во пошироката евро-атлантска заедница“, порачуваат САД за националниот празник на Македонија.

Извор: РСЕ

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.