Нимиц се сретна со Иванов, денеска на средби со Груевски и Поповски

Објавено на 11 септември, 2013 во 07:07

Медијаторот во спорот за името Метју Нимиц денеска ќе оствари средби со премиерот Никола Груевски и со министерот за надворешни работи Никола Попоски.

Откако претходно оствари средби со властите во Атина, Нимиц вчера попладнето, пристигна во Скопје.

Во првата изјава за медиумите тој рече дека е дојден да ги слушне ставовите за неговите последни идеи за можно решение изнесени во април. Грчките медиуми објавија дека официјална Атина не го прифатила неговиот предлог – Горна Република Македонија.

Медијаторот синоќа се сретна со претседателот Иванов. Тие разговарало за последните идеи на Нимиц и за актуелната состојба на процесот.

Шефот на државата, според соопштението од неговиот кабинет, ја реафирмирал македонската државна позиција и посветеноста за изнаоѓање заеднички прифатливо решение.

Претседателот Иванов посочил дека очекува и грчката страна да покаже добра волја за создавање позитивна атмосфера и надминување на разликите околу името.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.