АМСМ: Посебен режим на возење на неколку патни правци
Информации за движење на патниот правец низ Јасен од први октомври на патниот правец кој го поврзува градот Скопје со Македонски Брод. Од Скопје кон Македонски Брод 07,30 – 08.,30 часот и 14,30 – 15,30 часот. Од Македонски Брод кон Скопје шест до седум часот и од 16 до17часот. Доколку има наноси од снег патот може да биде затворен на неодредено време.
На патниот правец Фурка – Дојран Р-1 501, ЈП Македонијапат – Скопје подружница Велес, почнувајќи од денеска во период од 10 – 15 дена ќе изведува градежно-асфалтерски работи на коловозот. Сообраќајот ќе се одвива по една коловозна лента и истиот ќе биде регулиран со поставена соодветна патна сигнализација.
Од 25-ти септември се воведува времена измена на режим на сообраќај за време на работа на пат на веќе започнатите интензивни геодетски теренски активности на патниот правец А-1, делница Миладиновци – Куманово (во двата правци), поточно на правецот од клучка Крива Паланка до клучка Куманово, со поставување на соодветна вертикална сигнализација.
Возачите се предупредуваат да пристапуваат внимателно и со намалена брзина кон местата на кои се изведуваат работи на пат и да се придржуваат кон упатствата од новопоставената вертикална сигнализација.
Од 11-ти септември започнаа градежни работи на пат на планинскиот превој Плетвар, патен правец Градско-Прилеп од 41 до 43 км. Сообраќајот ќе се одвива по две коловозни ленти со поставена соодветна вертикална сигнализација. Работите ќе се изведуваат во временски период од 07.00 до 17.00 часот.
Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево и Берово – Виница, каде е можна почеста појава на одрони.
Сообраќајот на сите останати државни патишта низ државата се одвива непречено, по наместа влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолготрајни задржувања за влез и излез од Македонија.
