Времето овој викенд…
Објавено: 12 јули, 2014, во 06:31 часот
Времето денеска ќе биде претежно сончево со локална облачност. Попладне во западните, северозападните, северните и североисточните предели со услови за локални врнежи од дожд.
Ќе дува слаб северен и северозападен ветер, а во западните предели ќе дува умерен западен и југозападен ветер кој понекаде ќе достигне брзина и до 30км/ч. Утринските температури ќе се движат од 7°C до 16°C, а максималните дневни температури ќе достигнат до 23°C односно до 33°C. УВ индекс 8.
Во недела во Македонија ќе биде претежно сончево со локална облачност. Во доцните попладневни и во вечерните часови нестабилно со услови за локални врнежи од дожд и грмотевици. Слаб северозападен ветер, а во западните предели ќе дува слаб западен ветер. Утринските температури од 9°C до 18°C, а максималните дневни температури ќе се движат од 25°C до 35°C. УВ индекс 8.
http://weather4all.com.mk/
