Собранието денеска ке гласа нов состав на комисијата за лустрација
Објавено на 31 јули, 2014 во 05:57
Пратениците ќе треба да се изјаснат по предлог-одлуката.
Во неа за претседател на Комисијата за лустрација повторно се предлага Томе Аџиев, за негов заменик Асан Љума, а за членови Новица Велјаноски доктор на правно историски науки, Вецко Здравески, магистрант по политички науки од Кичево, Предраг Димитровски, дипломиран новинар од Скопје, Игор Лазаровски, дипломиран шумарски инженер од Скопје, Сашко Јанев, секретар на општина Неготино и магистрант по историја, Даут Даути, новинар од Скопје, Шпенди Винца, дипломиран социолог од Струга, Ристана Лалчевска дипломиран правник, како и Линко Бејзаровски, политоколог од Пласница.
