Автоматско здравствено осигурување

Објавено на 1 август, 2014 во 06:21

Од денеска, се воведува автоматско здравствено осигурување за вработените и членовите на нивните семејства без пријава во Фондот за здравствено осигурување на Македонија.

Покрај оваа новина ќе се добиваат и електронски изводи по службена должност од матичната книга за новородени деца, за кои досега осигурениците требаа да ги носат во копија за да добијат здравствено осигурување.

Со овие новини директорката на Фондот Маја Парнарџиева Змејкова вели дека ќе се скратат постапките за чекање и по електронски пат ќе се поврзуваат со податоците од Агенцијата за вработување.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.