Украдени таблички на пет македонски автомобили во Грција
Објавено на 11 август, 2014 во 14:30
На петмина туристи од Македонија, кои летувале во Грција, им се украдени регистарските ознаки. Тие ги пријавиле случаите во грчката полиција, како и на граничните премини „Богородица“ и „Меџитлија“, соопшти полицијата.
На граничниот премин „Меџитлија“ минатиот месец едно лице пријавило дека во Лептокарија, во Грција, на неговото возило на двете таблички им бил оштетен кодот „МК“ кој бил прекриен со црн спреј, хаубата била исчкртана со црн спреј, а на вратата од гепекот било испишано „Слав“.
Како што претходно извести МВР, годинава во два наврати се регистрирани оштетувања на возила и кражби на регистарски таблички на македонски граѓани во Грција. Досега три возила или регистарски ознаки се оштетени, а украдени се 7 регистарски таблички.
