Какво време не очекува во текот на денот?
Објавено на 29 август, 2014 во 05:32
Времето денеска ќе биде претежно сончево со локална облачност и ветровито. Попладне услови за локални врнежи од дожд ќе има во југозападните, јужните, југоисточните и источните предели.
Ќе дува умерен северен и северозападен ветер, а во западните предели ќе дува засилен североисточен и источен ветер кој ќе достигне брзина и до 30 км/ч.
Утринските температури ќе се движат од 9°C до 19°C, а максималните дневни температури од 22°C до 33°C. УВ индекс 6.
