Орав: Нема време, веднаш решете ги независноста на судството и на медиумите

Објавено на 14 октомври, 2014 во 15:21

Се надеваме дека и СДСМ ќе ги видиме тука што е можно поскоро и дека Владата и опозициските партии ќе почнат конструктивен дијалог во следните денови, изјави евроамбасадорот Аиво Орав на денешната заедничка седница на Националниот совет за евроинтеграции и комисиите за надворешна политика и за европски прашања на која се анализираше Извештајот за напредокот на земјава кон ЕУ, јави Плусинфо.

– Бидејќи постојат различни толкувања за оваа препорака во изминатите денови, прашањето е што треба да се прави сега? Нема време и сите овие точки кои предизвикуваат загриженост треба веднаш да се решаваат, треба да се занимавате со независноста на судството, независноста на медиумите. Потребно е време, но политичкиот дијалог е прашање што може да се реши брзо. ДПА ќе се врати во Парламентот и ние го поздравуваме тоа. Се надеваме дека и СДСМ ќе ги видиме тука што е можно поскоро и дека Владата и опозициските партии ќе почнат конструктивен дијалог во следните денови. Ова е основата на Извештајот за напредокот – рече Орав.

Тој подвлече дека пораките во Извештајот на ЕК, кој содржи шеста по ред препорака за почнување на преговорите, се јасни и се предадени на власта, на опозицијата, на граѓанскиот сектор, како и на земјите членки на ЕУ. Тој со оценка, дека, пред сè, е потребно обновување на политичкиот дијалог.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.