Македонија под голем притисок да се справи со илегалните емигранти
Објавено: 14 ноември, 2014, во 13:58 часот
Коментирајќи го загинувањето на двајцата браќа Сиријци, на железничката пруга во близина на Велес, министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска рече дека земјата е под голем притисок да се справи со илегалната миграција.
Јанкуловска изјави дека МВР со целиот капацитет и ресурси настојува да ги детектира илегалните мигранти, но големината и сериозноста на проблемот не може да се гледа низ призмата на постапување на една држава бидејќи ова е глобален проблем.
Според министерката досега било апелирано за поголема соработка на сите засегнати страни, вклучително и грчките погранични власти, но и европските агенции надлежни за подобро обезбедување на границата.


