Реакција на изјавата на Премиерот од Студентскиот пленум

Објавено: 21 ноември, 2014, во 13:52 часот

Со соопштение реагира Студентскиот пленум на вчерашната изјава на премирот Никола Груевски во кое велат дека може да се забележи омекнување во ставот на премиерот, но сепак и понатаму се инсистира на екстерното оценување.

Студентскиот пленум го потсетува Груевски дека во каков и да е модел, тоа сепак ја крши автономијата на Универзитетот. Тие прашуваат дали премиерот ги помилува сите што излегоа на маршот во понедленик, со изјавата дека тоа нема да важи за сегашните студенти. Тие потсетуваат дека протестирале поради состојбите во високото образование и нема да се откажат во името на ниту една генерација која ги би трпела последиците од реформата. Тие велат дека и покрај тоа што власта инсистира на тоа дека за секоја следна акција ќе се консултираат студентите, сепак тие излегуваат со нов модел, без да се консултира со засегнатите страни.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.