Лустраторите прогласија уште три лица за кодоши

Објавено: 24 ноември, 2014, во 16:37 часот

Комисијата за верификација на факти на денешната седница прогласила уште три лица за соработници со тајните служби од идеолошко-политички причини.

Како што информираат од Комисијата за лустрација за 24 Вести едното лице било поранешен директор на централното основно училиште во селото Зајас и работело под псевдонимот „Љубен“.

Второто лице било поранешен генерален конзул во Торонто, Канада, кој од идеолошко-политички причини соработувал со тајните служби и доставувал информација за македонската дијаспора и македонските организации во Канада и Америка.

Третото лице е поранешен секретар на ШИК „Струмица“ кој давал информации за припадниците за македонската емиграција во Бразил.

Сите три лица, прогласени за соработници на тајните служби, се живи и во рок од три дена на веб-страницата на Комисијата ќе бидат објавени документите со кои се потврдува нивната одлука.

 

 

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.