АРМ ќе ги испитува девијантните однесувања

Објавено: 26 ноември, 2014, во 17:34 часот

Формирање заедничка комисија на министерството за одбрана и АРМ што ќе ги разгледа сите процедури и ќе предложи мерки и препораки за нивно подобрување и унапредување со цел да се спречат настаните како вчерашниот во Злетово кога професионален војник на АРМ застрела три лица а потоа се самоуби најавија началникот на Генералштабот на АРМ генерал потполковник Горанчо Котески и министерот Зоран Јолевски.

Во армијата сите припадници и досега поминувале редовни годишни психофизички проверки со своите старешини и други стручни лица  но оваа комисија треба да ги подобри и зајакне постојните процедури и да ги отстрани можните недостатоци.

– Ќе формираме дополнително комисија овој случај да биде поука за преземање на превентивни дејства за во иднина за евентуални девијантни однесувања на одредени лица во АРМ, изјави, Генерал – потполковник Горанчо Котески, началник на ГШ на АРМ.

-Нашите војници одат на редовни годишни лекарски прегледи и имаме и психолози кои разговараат со нив со цел да не се случуваат вакви немили настани. Ние имаме процедури што се почитуваат меѓутоа сега оваа комисија ќе го испита овој конкретен случај и ќе види како овие процедури понатаму може да се зајакнат и подобрат изјави, министерот за одбрана Зоран Јолевски.

Според министерот Јолевски подобрувањето на  соработката и  со другите надлежни институции како полицијата, правосудните органи и центрите за социјална работа може да придонесе за спречување на повторувањето на вчерашниот случај од Злетово.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.