Се помал интерес за професијата полицаец
Објавено на 4 август, 2016 во 15:32
Вчера почна селекцијата на кандидатите што се пријавиле на огласот на Министерството за внатрешни работи за пополнување на своите редови со нови 600 полицајци. На конкурсот, кој беше распишан на 15 јули и траеше до 30 јули, се пријавија 3.972 кандидати.
Ако се погледнат бројките на пријавени кандидати на конкурсите на МВР од претходните неколку години, впечатокот е дека се намалува интересот за оваа професија.
Имено, на огласот за прием на нови 300 полицајци во 2012 година, се пријавиле дури 7.597 кандидати.
На конкурсот една година подоцна, за нецели две недели се пријавиле 5.491 кандидат.
Лани, за место меѓу новите 600 полицајци, колку што се бараа на огласот, беа пријавени 2.622 кандидати.
Извор: Мета