Сметководители: Намалување на даночната стапка на услугите или ќе нема кој да книжи и поднесува завршни сметки

Објавено: 6 февруари, 2020, во 08:38 часот

smetkovoditeli fin

Да се намали даночната стапка на сметководствените услуги зашто во спротивно ќе нема кој да книжи и да поднесува завршни сметки, велат од Комората на сметокводители при Сојузот на стопански комори (ССК).

Комората денеска на прес – конференција детално ќе го образложи ова барање, но и, како што најавува, ќе ги соопшти останатите проблеми со кои се соочува фелата поради нефунционалниот систем.

Кохезијата на сите чинители е многу битно за непречено функционирање на даночниот систем, смета Комората. Дополнува и дека од голема важност е и деблокадата на работењето на Институтот на сметководители и овластени сметководители со цел унапредување на професијата.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.