Сончево со мала облачност

Објавено: 19 февруари, 2020, во 08:48 часот

soncevozima fin

Времето во Република Северна Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност, од попладне облачноста ќе се зголемува.

Утринската температура ќе се движи од минус 1 до 5, а дневната од 7 до 16 степени.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност, од попладне облачноста ќе се зголемува.. Утринската температура ќе се спушти до 2, а дневната ќе достигне до 13 степени.

Во текот на ноќта и во четврток ќе има врнежи од дожд, на планините од снег. Врнежите повремено ќе преминуваат во снег и на некои повисоки места.

Ќе дува умерен до засилен северен ветер, а дневната температура ќе опадне. Потоа во следните денови ќе преовладува стабилно време, а пораст на дневната температура се очекува од недела

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.