Променливо облачно со дожд и снег
Објавено: 5 март, 2020, во 08:19 часот
Во Македонија денеска ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди и со умерен јужен ветер. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во западните делови ќе има врнежи од дожд.
Температурата ќе се движи од -4 до 11 степени. Во Скопје слично време со температура од -2 до 15 степени.





