Претседателот Пендаровски за утре закажа лидерска средба

Објавено: 16 март, 2020, во 18:35 часот

pendarovski fin

Од претседателскиот кабинет информираат дека утре, 17 март 2020 година, вторник, со почеток во 12:00 часот, во Кабинетот на Претседателот „Вила Водно“ ќе се одржи лидерска средба, на која ќе присуствуваат претседателите нa парламентарните политички партии од власта и од опозицијата кои на последните парламентарни избори освоија пратенички мандати со самостојни листи. На лидерската средба е најавено присуство на претседателот на СДСМ, Зоран Заев, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, претседателот на ДУИ, Али Ахмети, претседателот на Алијанса за Албанците, Зиадин Села, претседателот на Алтернатива, Африм Гаши, претседателот на Движење Беса, Билал Касами и претседателот на ДПА, Мендух Тачи. На средбата ќе присуствуваат и претседателот на Собранието Талат Џафери и претседателот на Владата Оливер Спасовски.

Изјавите за медиумите по завршување на лидерската средба, ќе бидат пренесувани на Јавниот сервис МРТ, на Facebook страницата на Претседателот и на YouTube каналот.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.