Вистински пролетни денови
Објавено: 7 април, 2020, во 09:21 часот
7.04.2020
Денеска, по студеното утро, следува сончев ден со слаб до умерен ветер и максимална температура до 20 степени. Таква е прогнозата на УХМР за денеска.
Следува период на стабилно претежно сончево и се’ потопло време. До четврток наутро ќе биде студено, а преку денот сончево со слаб до умерен североисточен ветер кој краткотрајно ќе засилува. Од четврток дневните температури во повеќе населени места ќе се над дваесетиот степен, а максималните ќе достигнуваат и до 25.





