Уште двајца починати од Куманово – еден полицаец, кој завчера разбрал дека е позитивен
7.04. 2020
Уште две лица од Куманово починале од коронавирус, соопшти градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски вчера вечер на ТВ Телма, споделувајќи најнова информација од Центарот за јавно здравје.
Тој повторно упати апел да се воведат уште порестриктивни мерки во Куманово и, како што рече, да се скратат бирократските постапки и да се даде шанса да делуваат општинските структури.
Еден до починатите е 52-годишен граничен полицаец на преминот Бељаковце, кој завчера дознал дека е позитивен на корона вирусот.Завчера била погребана неговата мајка. Не е познато, дали била болна од Ковид 19.
Како што соопшти на прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче, вчера,во изминатите 24 часа се регистрирани 15 нови случаи на пациенти со коронавирус во земјава, односно четири во Скопје, осум во Куманово и по еден во Тетово, Струга и Штип, со што вкупниот број на дијагностицирани достигна 570.
На Инфективната клиника починаа тројца пациенти – 40-годишен жител на Кочани, без познати минати заболувања, примен на 29 март, и двајца тетовци – 69-годишен човек кој имал тумор на мозокот и 65-годишен без познати други минати заболувања.