Топло со температута од 33 и 34 степени целзиусови

Објавено: 14 мај, 2020, во 08:22 часот

maj fin

14.05.2020

Сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, а вдолж Повардарието и засилен ветер претежно од југоисточен правец. Tоа е прогнозата на УХМР за денеска.

Под влијание на многу топла воздушна маса, и во следните денови ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност и со максимални температури од +33-34 степени, кои се над просекот за овој период.

Освежување со дожд може да се очекува во вторник.

vremenska fin

 

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.