Сончево со мала доумерена облачност, утре грмотевици, дожд и град
Објавено: 17 јули, 2020, во 07:07 часот
17.07.2020
Сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен јужен ветер. Попладне главно во планинските подрачја ќе има услови за локален дожд и ретки грмежи, соопшти УХМР.
Максималната температура до 33 степени. УВ=8.

Под влијание на продор на атмосферски фронт, утре ќе преовладува променливо облачно и нестабилно време, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а локално ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен пороен дожд, електрични празнења и појава на град.
Температурата, особено на северот, значително ќе се намали.
Услови за локална нестабилност со послаб интензитет ќе има и во недела попладне, а од понеделник следува стабилно време со значителен пораст на дневната температура.




