Шестгодишно дете почина по пад од трактор во Дебреште

Објавено: 23 јули, 2020, во 11:40 часот

stoppolicija fin

23.07.2020

Министерството за внатрешни работи информира дека вчера починало шестгодишно дете по пад од трактор во с.Дебреште , прилепско.

– На 22.07.2020 во 19.40 часот во с.Дебреште, прилепско, додека А.А.(27) од с.Дебреште управувал трактор „имт-539“, без регистарски таблици, од тракторот паднало шестгодишно дете, кое се превезувало со него, и се здобило со повреди, по што било пренесено во Градска болница Прилеп каде што лекар констатирал смрт, се наведува во билтенот на МВР.

Увид извршила екипа Полициската станица Прилеп во присуство на Јавен обвинител.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.