Стабилно време со пониски утрински температури

Објавено: 19 октомври, 2020, во 06:45 часот

soncevosooblacnost fin

19.10.2020

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, соопшти УХМР.

Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 9, а максималната од 14 до 21 степен.

Во Скопје ќе биде претежно сончево со слаб северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 18 степени.

Во текот на следната седмица времето ќе биде стабилно со студени утра и ниски минимални температури, а дневните ќе бидат во постепен пораст.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.