Спасовски доби орден за посебни заслуги и придонес за манастирот „Претеча” од I ред

Објавено: 23 октомври, 2020, во 19:05 часот

SpasovskisomonasiodBigorski2

23.10.2020

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска на својот фејсбук профил објави дека од Бигорскиот старец и игумен на Свештената Бигорска Обител, Епископ Антаниски г.Партениј примил орден за посебни заслуги и придонес за манастирот „Претеча” од I ред со ликот на пречесниот Претеча.

-Во годината кога манастирот „Свети Јован Бигорски” прославува 1000 години од своето постоење, ми претставува огромно задоволство од Бигорскиот старец и игумен на Свештената Бигорска Обител, Епископ Антаниски г.Партениј да го примам овој орден за посебни заслуги и придонес за манастирот „Претеча” од I ред со ликот на пречесниот Претеча, објави Спасовски .

SpasovskisomonasiodBigorski1

Тој на фејсбук пишува дека Бигорскиот манастир е наш спомен над времето и дека е гордост на сите нас и поттик да создаваме дела, вредности и добрини кои ќе останат и после нас и ќе ги инспирираат младите и следните генерации да продолжат по добриот пат.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.