Сончево со умерена облачност и температура до 24 степени

Објавено: 26 октомври, 2020, во 08:27 часот

doumerenooblacno fin

26.10.2020

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, во утринските часови со услови за магла по одделни котлини. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 10 степени, а максималната ќе достигне од 17 до 24 степени.

Во Скопје, ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за слаба утринска магла. Минималната температура ќе се спушти до 6 степени, а максималната ќе достигне до 20 степени.

Во текот на наредните денови ќе преовладува стабилно време со појава на утринска магла по одделни котлини. Во среда, претежно во јужните делови ќе има повремени врнежи од дожд.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.