„360 степени“: По една деценија Рамковски бара правда за А1- Има ли основи за повторување на судењето за „Пајажина“?
3.11.2020
Барањето за повторување на постапката Рамковски го поднел до Основниот кривичен суд Скопје, од каде за „360 степени“ велат дека веќе е обезбедено мислење од обвинителството и дека случајот е на одлучување пред надлежен кривичен совет.
Ноќта на 25 ноември 2010 година полицијата упадна на „Перо Наков“ 60, адресата на која се ноаѓаше А1 телевизија. Првичното објаснување е – асистираат во контрола за финансиски злоупотреби во фирмите на Велија Рамковски, иако во тоа време од денот работат само новинарите.
„Тие беа добро организирани настани од криминално злосторничка организација која ја направи Груевски“, смета Велија Рамковски.
Еден месец подоцна Рамковски е приведен, а потоа и речиси целото негово семејство и соработниците.
„Не очекувавме во ниту еден момент дека ќе се апсат 23 лица. Дека ќе се оди на фамилии, дека ќе се оди на ќерка, на внуци, на син“, раскажува Емел Рамковска.
Текстот и новинарската приказна погледнете ја на овој линк https://360stepeni.mk/po-edna-detsenija-ramkovski-bara-pravda-za-a1-ima-li-osnovi-za-povtoruvane-na-sudeneto-za-pajazhina/
Извор: 360 степени
