Сончево со мала до умерена облачност

Објавено: 6 ноември, 2020, во 08:24 часот

esenskosonce fin6.11.2020

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност ќе преовладува денеска во земјава. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, особено вдолж Повардарието.

Најниска темепратура од минус три степени утрово е измерена во Берово, соопшти Управата за хидро-метеоролошки работи.

Следат Струмица, К.Паланка, Крушево со 2 степени Целзиусови, 4 Скопје Петровец, Штип, Д.Капија, 5 Охрид, Битола, Дебар, 6 Скопје Зајчев Рид, Претор, 7 Прилеп, Куманово, 8 Тетово, Гевгелија и Дојран со 10 степени Целзиусови.

Рано утрово понекаде во западните делови, како и во Демиркаписко имаше зголемена ниска облачност. Во моментов преовладува сончево време.Во Скопје слично време и температура до 17 степени.

Минималната температура ќе се спушти од -1 до 8, а максималната ќе достигне од 13 до 20 степени.

Во Скопје, слично време со утринска температура до 5 и дневна до 17 степени.

Во следните денови синоптичарите најавуваат стабилно и суво време со пониски утрински температури, а од недела ќе има услови за претпладневна магла по одделни котлини.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.