Силен земјотрес почувствуван во државата, епицентарот на 8 км од Вруток
Објавено: 11 ноември, 2020, во 08:26 часот
11.11.2020
Земјотресот со локална Рихтерова магнитуда од пет степени е регистриран рано изутринава во 04 часот и 54 минути во во епицентралното подрачје Тетово-Гостивар на 50 километри југозападно од Скопје.
Епицентарот на земјотресот е 8 километри од Вруток, со јачина од 5.0 степени според Рихтер на длабочина од 8.5 километри
Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје соопшти дека земјотресот најсилно беше почувствуван од населението во Гостивар и Маврово со пет степени според Европската макросеизмичка скала, во Тетово и Скопје со четири, а во Битола, Прилеп и околината со три степени.
