УХМР: Викенд со облачно време и врнежи од дожд, а на планините со снег
Објавено на 22 декември, 2020 во 14:08
22.12.2020
До четврток ќе се задржи стабилно и суво време по котлините со појава на магла и значителна ниска облачност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Од петок до недела, под влијание на влажен бран ќе преовладува облачно време со врнежи од дожд, а на планините со снег.
Поради продор на студена воздушна маса од север, в сабота кон крајот на денот висинската граница на снежните врнежи ќе се спушти и под 1000 метри, па снег ќе има и во повисоките населени места, особено во западните делови од земјава.