АМСМ: Внимателно возете има магла на повеќе патни правци во државата
24.12.2020
Сообраќајот на државните патишта се одвива без забрани, по наместа влажни коловози.
Намалена видливост поради појава на магла од 50 – 100м. има на патните правци Скопје – Велес и Велес – Скопје, од 40 – 50м. на патниот правец Тетово – Скопје, до 100м. на патниот правец Куманово – Страцин, од 30 – 50м. на патните правци Битола – Прилеп и Кичево – Охрид, од 80 – 100м. на патниот правец Велес – Штип, до 100м. на патниот правец Неготино – Д.Капија и од 80 – 100м. на планинскиот превој Буково.
Од 15.11.2020 година започнува законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2021 година.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има појава на утринска магла и можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
