Поради одрон кај Ајдучки Камен целосно е во прекин сообраќајот од Кочани кон Македонска Каменица и Делчево
13.01.2021
Според информација од Јавно Претпријатие Македонија Пат, сообраќајот на патниот правец А3 Кочани – Македонска Каменица, на делницата од Истибања до брана Калиманци, кај Ајдучки Камен, е целосно во прекин поради одрон. За лесните патнички возила сообраќајот се пренасочува преку регионалниот патен правец Р2345 Кочани – Виница – Бигла – Делчево. Тешките товарни возила и автобуси се пренасочуваат преку регионалниот патен правец Р1304 Кочани – Виница – Берово – Делчево.
Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози. Врнежи од слаб снег се бележат на планинскиот премин Буково, но во моментов не преставуваат пречка за одвивање на сообраќајот.
Намалена видливост поради појава на магла до 20метри има на патниот правец Тетово – село Лисец.
Поради изведување работи на пат на магистралниот пат А2 Струга – граничен премин Ќафасан (од бензиска пумпа ОКТА до влез во село Радолишта) брзината е ограничена на 40км/ч. На местото на изведување на работите е поставена соодветна сообраќајна сигнализација.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има појава на утринска магла и можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.