Од денеска почнува предвремената исплата на пензиите
26.01.2021
Од денеска стартува исплатата на јануарските пензии, ова е уште еден дел од мерките кои се воведени поради Ковид-19, односно предвремена исплата на пензиите.
Во експозитурите на банките, за да не се создава метеж, пензиите ќе бидат поделени во четири групи и тоа:
-пензиите во висина до 11.000 денари ќе бидат исплатени денес
-пензиите од 11.001 до 14.000 денари ќе бидат исплатени на 27.01.
-оние во висина од 14.001 до 18.000 ќе се исплатат на 28.01.
-додека оние над 18.001 денари ќе се исплатат во петок на 29.01.
Оние пензионери кои поседуваат и користат платежна картичка, својата пензија ќе можат да ја извадат уште во текот на денешниот ден.
До сите пензионери се апелира почитување и придржување до распоредот за исплати, бидејќи истиот е направен со цел да се намали метежот пред банките и да не се шири коронавируот. Исто така задолжително е носење на маски, држење на растојание од два метри и секако дезинфекција на рацете.
Стефани Манева
#Пензии #ПредвременаИсплата #КоронаВирус #Македонија #Пензионери #ПочитувањеНаМерките