Спасовски: Активно работиме на целосно расветлување на случајот „Јавна соба“

Објавено на 11 февруари, 2021 во 09:34

oliver spasovski fin

11.02.2021

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, на денешната посета на Центарот за обука во Идризово, направи увид и селекција на кандидатите за полициски службеници. На овој настан, како дополнителна информација, Министерот соопшти дека се уште се индентификуваат лицата поврзани со „Јавна соба“.

-„Продолжуваме со идентификацијата на лицата поврзани со случајот „Јавна соба“, изјави денес Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски .

Според него, од минатата недела двајца скопјани на возраст од 21 и 32 години, кои се поврзуваат со ланската „Јавна соба“, се во притвор.
„Имаме кривични пријави за уште четири лица и активно работиме на целосно расветлување на случајот“, посочи Спасовски.

Во знак на поддршка на жртвите од „Јавна соба“, минатата недела на протестен марш во Скопје излегоа стотици граѓани и активисти. Пред Министерство за внатрешни работи и Јавното обвинителство обвинија дека државата нема волја да ги штити.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.