АМСМ: Сообраќајот се одвива непречено по суви коловози
Објавено на 2 март, 2021 во 08:21
02.03.2021
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по суви коловози.
Се известуваат сите возачи дека во текот на денешниот ден, патниот правец А2 Кичево – Охрид, на делницата Пресека – село Врбјани, сообраќајот ќе биде во прекин помеѓу 12:00ч. – 15:00ч. во времетраење од 15 – 20 минути поради изведување на градежни работи на пат, минирање.
Авто Мото Сојуз на Македонија, препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Стефани Манева