УХМР: Променливо облачно време со засилен ветер
Објавено на 16 март, 2021 во 08:44
16.03.2021
Времето денеска во западните делови ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во источните значително облачно со врнежи претежно од снег.
Во следните денови ќе преовладува променливо облачно и студено време со сончеви периоди и со појава на локални слаби врнежи од дожд и снег. Температурите ќе бидат под просекот за овој период од годината. Денес и утре ќе дува засилен ветер од северозападен правец, особено изразен во должина на Повардарието и во источните делови, каде на одредени места ќе достигнува брзина и над 65 км/час.
Стефани Манева