Маричиќ во Брисел на средби со Јурова и Шидер
23.03.2021
Министерот за правда Бојан Маричиќ денеска во Брисел ќе има средби со потпретседателката на Европската комисија за транспарентност и вредности Вера Јурова и со европратеникот Андреас Шидер.
– Работниот ден исполнет со средби и состаноци го започнувам со средба со амбасадорката во Постојаната мисија на Република Северна Македонија при ЕУ. Оттука заминувам на состанок во Европската комисија со потпретседателката на Европската комисија за транспарентност и вредности Вера Јурова, напиша денеска на Фејсбук министерот Маричиќ.
Во текот на денот, како што најави министерот, ќе има средба и со европратеникот Андреас Шидер.
Во фокусот на разговорите, како што пишува Маричиќ на Фејсбук, се реформите во земјата со акцент на оние во правосудството, како и ЕУ интеграциите.