По новинари, на ред и македонски бизнисмени: Стопанската комора на Србија обезбеди вакцинација во Белград за стопанственици од регионот
25.03.2021
Стопанската Комора на Србија обезбеди 10.000 дози на вакцини за стопанствениците и работниците во регионот, меѓу кои и за Македонија, објави нејзиниот претседател Марко Чадеж.
– Се надеваме на адекватен одзив, бидејќи за нас е важно бизнисмените кои соработуваат со Србија, но и меѓу себе,, пред сè во туризмот и услужните дејности, да може да патуваат во пресрет на новата сезона. Ова е наш придонес за заштита во регионот. Немаме квоти по комори. Се надеваме дека ќе има интерес и луѓето ќе се пријават, изјави Чадеж.
Вакцинацијата за бизнисмени од регионот ќе се фреализира во текот на претстојниот викенд во Белград.
– Треба само компаниите да се пријават во своите стопански комори кои во координација со Стопанската комора на Србија, ќе организира вакцинација во Белград, додаде Чадеж.