УХМР: Сончево време од утре облачно со повремени врнежи од дожд
Објавено на 1 април, 2021 во 07:43
01.04.2021
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец.
Утре не очекува променливо облачно со сончеви периоди. Попладне ќе има локални врнежи од дожд и појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец.
Од утре и во деновите од викендот ќе има промена на времето кога ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. На места врнежите ќе бидат поројни и пообилни, локално и над 20л/м2, проследени со појава на грмежи и засилен ветер. Поради продор на постудена воздушна маса во недела на планините и на некои повисоки места се очекуваат врнежи од снег и позначително опаѓање на дневните температури.
Стефани Манева
