Филипче: Во текот на денот ќе пристигнат 2000 кинески вакцини
Објавено на 12 април, 2021 во 08:54
12.04.2021
Министерот за здравство, Венко Филипче денес во изјава за медиумите истакна дека во текот на денот на софискиот аеродром ќе пристигнат 2000 кинески вакцини за нас, како донација од ОАЕ.
„Со нив ќе се вакцинираат граѓаните по возрасните групи. Досега се вакцинирани околу 25000 граѓаните, а утре завршува вакцинацијата во критичните структури. Денес на ред беа новинарите и медиумските работници“, изјави Филипче пред арената „Борис Трајковски“, каде се спроведува масовната имунизација.
Денес се вакцинираат оние новинари кои се пријавија на повикот и ги исполнија условите за да влезат во првата група на вакцинација. Опфатени се вкупно 631 медиумски работници, кои имаат над 40 години или се со хронични заболувања.
