Во последното деноноќие 22 лица го прекршиле полицискиот час и 537 не носеле маска
Објавено на 19 април, 2021 во 11:08
19.04.2021
Од 20.00 часот до 05.00 часот констатирано е дека 22 лица не ја почитувале забраната за движење за време на полициски час.
Во текот на изминатото деноноќие пак, на територијата на Република Северна Македонија, за мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 537 прекршоци.
Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата и сите заеднички да придонесеме за спречување на ширењето на Ковид 19.
Стефани Манева