Сојуз на средношколци реагираат дека постојат средни училишта каде не се почитува договорот за државна матура

Објавено на 19 април, 2021 во 12:31

srednoskolci

19.04.2021

Сојузот на средношколци денеска испрати предупредување до претседателот на Владата Зоран Заев и министерката за образование и наука Мила Царовска за непочитување на постигнатиот договор за државната матура.

Во своето писмо тие напоменуваат дека се загрижени за спроведувањето на договорот постигнат за државната матура во учебната 2020/21 година.

-Почитувани премиере Заев, министерке за образование и наука Царовска и директорке на Државниот испитен центар Наумовска, Како ССРСМ, ние сме загрижени за спроведувањето на договорот постигнат за државната матура во учебната 2020/21 година. Матурантите го информираа Сојузот дека одредени професори од некои средни училишта изјавиле дека нема да почитуваат одредени точки во договорот постигнат меѓу нас. Ова е неприфатливо. Станува збор за следниве училишта: СОУ „Ѓорче Петров“, СОУ „Орде Чопела“, СОУ „Ристе Ристески – Ричко“, СОУ Гимназија „Мирче Ацев“, СОУ „Кузман Јосифоски – Питу“, СОУ „Јосип Броз Тито“ -Битола, СОУ „Др. Јован Калаузи“, СОУ „Св. Клименти Охридски“ – гимназија Охрид, СОУ „Никола Штејн-Тетово“ и СОУ „8-Септември-Тетово“.

Според договорот постигнат меѓу ССРСМ и Владата за државната матура, се согласивме дека: „училиштата се должни да ги споделат материјалите за интерните испити и банки на прашања, најдоцна три недели пред денот на испитот. Истите да содржат најмалку 60, а најмногу 100 прашања“. Оваа точка на договорот е флагрантно прекршена од некои средни училишта во земјата.

Ние како ССРСМ им ветивме на матурантите дека постигнатиот договор ќе се реализира точка по точка. Впрочем, на последниот наш заеднички состанок на 16 февруари 2021 година, дека „договорот нема да остане само на хартија, туку ќе се спроведе“. Така, од Вас бараме да интервенирате, за сите средни училишта истовремено да го почитуваат и спроведуваат договорот, пишува во писмото од Сојузот на средношколци.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.