Телма: Keжаровски се врати дома

Објавено: 8 ноември, 2013, во 10:06 часот

По шест месеци минати во Истражниот затвор „Скопје“, новинарот Томислав Кежаровски конечно се врати дома. Неговиот дом беше исполнет со среќа и насмевки, а прво што направи откако се врати , ја прегрна неговата малолетна ќерка, јави Телма.  Со чашка ракија и видно возбуден наздрави со неговите најблиски и кажа дека не можел да поверува кога затворските службеници го известиле дека вечерва ќе изезезе од затворот.

-Некои  од притворениците во соседните ќелии најпрвин почнаа да удираат по ѕидот и ми велеа, Томче ќе си одиш. Потоа влезе и затворското обезбедување, ми рекоа “спакувај си ги работите, бидејќи за кратко време треба да дојде полиција и да те врати дома’, ни раскажа Кежаровски.

Тој вели дека условите во притворот биле ужасни и како поминувало времето се` повеќе губел надеж дека во брзо време ќе може да биде со неговото семејство и со пријателите.

Текстот во целост прочитајте го тука.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.